Новите сопственици на Формула 1 останаа на својата одлука да ги заменат девојките за презентација на возачите и покрај големиот број на критики, и сега најавија дека наместо тоа на трките ќе има повеќе деца избрани од јуниорските категории.
Младите возачи, без разлика на полот, кои се натпреваруваат во малите формула серии и во картингот ќе бидат избрани од локалните клубови за да бидат пред возачите на секоја трка.
„Тоа ќе биде посебен момент за овие млади луѓе. Замислете да стоите до вашите херои, да ги гледате како се подготвуваат да се тркаат. Тоа ќе биде незаборавно искуство за децата и за нивните семејства“, вели генералниот менаџер на Ф1, Шон Бречис.
Поддршка за иницијативата „Либерти медија“ доби и од претседателот на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), Жан Тод.
„Тоа е одлична иницијатива за поддршка на нашите членови и обид да се промовира мотоспортот преку младите луѓе“, изјави Тод.
Крај на уште една Ф1 „традиција“ – нема веќе девојки за претставување (галерија)