Top Sport

Гарсија: Не можам да сум расист, мојата сопруга е Ром

Фудбалерот на Еспаљол, Серхио Гарсија демантираше дека е расист, откако во лутото градско дерби против Барселона го нарече дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити „црно гомно“.

Двојката имаше повеќе дуели при 1:1 ремито, пред Гарсија да го навреди Умтити, а по крајот на мечот, Жерард Пике мораше да интервенира да спречи поголем инцидент.

Гарсија преку Инстаграм ги правдаше своите зборови.

„Прво, да разјаснам, зборував со Самуел уште вчера. Не ми беше намера да го навредам за расата. Знаете дека мојата сопруга има ромски корени, а јас пораснав во кварт во кој ги имаше сите раси на светот. Мојот зет, Џон Кордоба, кој ми е и голем пријател, е Афро-Американец. Во тензичните моменти кажуваш работи кои треба да останат само на теренот“, напиша 34-годишниот Гарсија.

Реми во дербито на Барселона (Видео)

Scroll to Top