Легендарната американска тенисерка, Серена Вилијамс заедно со познатата актерка, Натали Портман се наоѓаат во групата познати личности кои ќе финансираат основање на женски фудбалски клуб во Лос Анџелес.
Клубот од 2022 година би требало да се приклучи на Националната женска фудбалска лига.
Името на клубот и местото на кое ќе ги играат мечевите подоцна ќе бидат утврдени, но познато е дека групата на основачите се вика „Angel City“.
Американските медиуми пишуваат дека моментно се прават подготовки за основање на клубот, а меѓу познатите холивудски имиња кои ќе имаат удел во клубот се Ева Лонгорија, Џенифер Гарнер, Узо буда и Америка Ферера.
Клубот би бил првиот кој ќе ја преставува државата Калифорнија во Националната лига.