Плејмејкерот на Феникс Санс, шпанскиот интернационалец Рики Рубио откри зошто доцни на подготовките на својот тим во Орландо. Шпанецот откри дека имал коронавирус, па затоа дури пред 2 дена го одработил првиот тренинг во комплексот.
„Одработив само 2 тренинга и треба да зборувам со тренерот. Се чувствувам добро, но мора да сме паметни. Мора да одиме ден по ден, не може да се планира како порано. Немам никакви симптоми, се чувствувам добро“ – изјави Рубио.
Санси првиот подготвителен меч го играат против Јута доцна вечерва. Останува да се види дали шпанскиот кошаркар ќе биде во составот.