Top Sport

22 клуба веќе се во фазата по групи во ЛШ

Сезоната 2019/2020 се уште не е завршена, во Англија треба да се одигра последното коло, а до крајот на Серија А останаа уште три рунди. Допрва ќе заврши сезоната во европските купови (Лига на шампиони и Лига Европа).

Иако уште се игра сезоната веќе се познати 22 од 24 екипи кои обезбедија место во фазата по групи во Лигата на шампионите. Низ дополнителните квалификации ќе бидат добиени и останатите десет учесници.

Последното коло во Премиер лигата ќе го даде одговорот на прашањето кои два клуба ќе бидат дел од елитата. За двете места конкурираат Манчестер Јунајтед, Челси и Лестер.

Пласман во фазата по групи веќе обезбедија:

Шпанија: Реал, Барселона, Атлетико, Севилја
Англија: Ливерпул, Манчестер сити
Италија: Јувентус, Аталанта, Интер, Лацио
Германија: Баерн, Лајпциг, Борусија Дортмунд и Менхенгладбах
Франција: ПСЖ, Марсеј
Русија: Зенит, Локомотив Москва
Португалија: Порто
Белгија: Клуб Бриж
Украина: Шахтјор
Турција: Басахшехир

Scroll to Top