Возачите на фабричката Јамаха Маверик Вињалес и Валентино Роси беа најбрзи на првиот тренинг во Херез пред неделата трка, втора во „кралската класа“ во Мото ГП.
Шпанецот Вињалес го имаше најбрзиот круг 1:37.063 минути. Овој резултат беше побрз за 0.142 секунди од времето што го постави Роси.
Трет првиот тренинг го заврши возачот на КТМ Бред Биндер (+0.307).
Следуваа Франко Морбидели, Пол Еспаргаро, Мигел Оливеира…
Актуелниот првак Марк Маркез кој пред четири дена ја оперираше раката во Барселона не учествуваше на првиот тренинг. Според најавите Маркез добил дозвола од лекарите и тој ќе вози на самата трка.
Вториот тренинг на програмата е денес од 14.05 часот.