Следејќи ја одлуката на кинеската влада во земјата да бидат откажани сите меѓународни спортски настани до крајот на годината, АТП и ВТА ќе откажаа сите планирани тениски турнири во Кина.
Од календарот на АТП отпаднаа турнирите од серијата 250 во Ченгду и Жухаи, турнирот од серијата 500 во Пекинг и единствениот Мастер кој се игра во Азија, турнирот во Шангај.
ВТА од својот календар избриша седум турнири од кои најважен е завршниот турнири на најдобрите осум тенисерки во Шенжен чии награден фонд изнесува 14 милиони долари.
Покрај завршниот турнири откажани се и турнирите во Пекинг, Вухан, Џенгжоу, Тијанџин, Жухаи, Нанчанг и Гвангжу.
По откажувањето на турнирите во Кина, во калнедарот на АТП до крајот на годината останаа 13 турнири, додека во календарот на ВТА има уште 14 турнири.