Барселона ќе отпише 12 фудбалери за наредната сезона. Клубот ќе се обиде да ги продаде или да ги вклучи во размени за други фудбалери тврди „Марка“.
На листата очекувано се наоѓаат двајцата најскапи играчи во историјата на клубот Фелипе Кутињо и Усман Дембеле. Меѓутоа токму за овие двајца во клубот не се сигурни дека ќе можат да ги продадат или разменат. Кутињо и Дембеле имаат големи годишни плати, Бразиелцот заработува 11 милиони евра годишно, а францускиот напаѓач 12 милиони евра по сезона.
Кутињо сезоната ја мина во Минхен како позајмен фудбалер, меѓутоа Баерн нема да го откупи неговиот договор. Од друга страна Дембеле речиси цела сезона е повреден.
Покрај Кутињо и Дембеле на листата се уште и Иван Ракитиќ, голманот Нето, Самуел Умтити, Жуниор Фирпо, Артуео Видал, Мартин Брејтвајт, Нелсон Семедо, Карлес Алења, Рафиња Алкантара, Жан-Клер Тодибо.