Јапонецот Такаки Накагами на „приватна“ Хонда ги изненади конкурентите на вториот тренинг пред неделната трка во Херез за Големата награда на Андалузија.
По тешки временски услови (на патеката температурата беше 52 степени Целзиусови), Јапонецот забележа најбрз круг од 1:37.715 минути. Ова време е за 0.700 секунди побавно од времето што го постави Маверик Вињалес со Јамаха на претпладневниот тренинг.
Накагами последниот круг го возеше со нови гуми и забележа најдобро време. Со нови гуми во последниот круг влезе и Жоан Зарко. Францускиот возач зад Накагами доцнеше за 0.155 секунди. Третиот најдобар резултат го постигна Пол Еспаргаро, а зад него беа Франко Морбидели, Маверик Вињалес и Фабио Кваратраро.
На патеката се појавија и возачите на Сузуки и ЛЦР Хонда, Алекс Ринс и Кал Крачлоу кои поради повреди не ја возеа минатонеделната трка.
Утре на програмата се утринскиот тренинг и квалификациите, а трката за Големата награда на Андалузија ќе се вози в недела.