Хрватскиот стопер Дејан Ловрен по 6 сезони поминати во дресот на Ливерпул преминува во Зенит од Санкт Петерсбург, објави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо кој е специјализиран за трансфери и е многу веродостоен извор.
Тој наведува дека хрватскиот интернационалец оди во Русија за отштета од 12 милиони евра.
Дел од фановите на „црвените“ веќе простуваат од дефанзивецот и му се заблагодаруваат за се што стори за клубот од „Енфилд“.
Was Dejan Lovren the best player? No.
But his story is inspiring – to flee from war-torn Bosnia as a refugee when he was only a child, to go on and win the Champions League, Premier League and be a World Cup runner up is pretty incredible.
All the best Dejan ? pic.twitter.com/OYDvB3OuO2
— Laurie (@LFCLaurie) July 24, 2020
Поебно се вреднува неговиот гол што го постигна против Борусија Дортмунд во четвртфинлето од Лига Европа во 2016 година кога погоди за 4-3 во судиското надополнување.
Ловрен сезонава одигра само 10 меча за Ливерпул, а досега за клубот настапи на 185 дуали и забележа 8 погодоци.
Со „црвените“ стана светски, европски и англиски шампион.
Следна дестинација – шампионот на Русија.