Top Sport

Коронавурсот не е пречка да се местат мечеви

Пандемијата на коронавирусот привремено го запре професионалниот тенис, но не го запре местењето на тениските мечеви. Единицата за интегритет во тенисот (ТИУ) идентификувала 24 сомнителни мечеви кои биле одиграни на егзибиционите турнири додека трае паузата што ја предизвика Ковид-19.

ТИУ објави дека мечевите биле одиграни во период април-јуни 2020 година. Тие објавија дека информациите за сомнителните мечеви добивале надлежните органи кои ги следат невообичаените шеми во обложувањето. Меѓу овие мечеви се наоѓа и еден меч одигран во 2019 година на ВТА турнир чии награден фонд бил 125.000 долари.

Овие информации не мора да значат дека мечевите биле местени туку можат да значат дека обложувачите имале информации околу евентуални повреди, формата на играчите и слично.

„Сомнителните облози во периодот на коронавирусот покажуваат дека сторителите и понатаму работат и дека најверојатно дополнително ќе му се посветат на овој спорт кога во август ќе продолжи сезоната“, се наведува во соопштението на ТИУ.

Scroll to Top