Top Sport

Заминал на погреб, па завршил во стриптиз-бар

Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс Лу Вилијамс пред неколку дена го напушти „балонот“ во Орландо, во кој се наоѓаат НБА кошаркарите пред ре-стартот на сезоната. „Светот на Дизни“ може да се напушти само со специјална дозвола. Вилајамс ја доби за да присуствува на погребот на својот дедо Пол, но потоа бил „фатен“ во стриптиз-бар.

„Слаткиот Лу“ завршил на „Инстраграм“ профилот на познатиот американски рапер Џек Херлоу. Откако медиумите откриле дека двајцата се во стриптиз-бар Херлоу ја избришал фотографијата, а на новинарите им рекол дека се работи за стара фотографија.

Медиумите пак тврдат дека фотката е нова бидејќи дошле до фотографии на кои Вилијамс носи маска која ја добил од НБА кога со тимот пристигна во Орландо.

Лу Вилијамс е еден од клучните играчи на Клиперс оваа сезона. Како шести играч има просек од 18,7 поени и 5,7 асистенции по натпревар.

Кошаркарот по враќањето во Орландо, според правилата, ќе мора четири дена да биде во самоизолација, но прашање е како ќе регара неговиот клуб и НБА. Можное е тој да биде суспендиран.

Scroll to Top