Играчот на Манчестер Јунајтед Андреас Переира во едно интервју го нарекол играчот на Ливерпул Вирџил ван Дајк „арогантен лик“.
Ван Дајк според многумина е еден од тројцата најдобри дефанзивци во светот на фудбалот. Со неговото доаѓање Ливерпул започна да освојува титули. Во 2019 „црвените“ ја освоија Лигата на шампионите, а оваа сезона во доминантен стил по 30 години ја вратија титулата во Премиер лигата на „Енфилд“.
Переира во едно интервју порачал дека не го сака Ван Дајк и неговиот соиграч од Ливерпул Џејмс Милнер.
„Навистина не го сакам тој Милнер. Да бидам искрен не го сакам ниту оној лик, Ван Дајк. Тој е арогантен. И начинот на игра му е арогантен“, рекол Переира.
Интересно ова е вториот Бразилец кој во релативно краток рок го критикува Ван Дајк. Претходно тоа го направи напаѓачот на Евертон, Ришарлисон.
„Луѓето зборуваат за него. Тој е сјајен дефанзивец, но јас сум успеал да го издриблам…Избран е меѓу тројцата најдобри во светот, имаше добра сезона, но според мене има подобри играчи од него. Тијаго Силва, Маркињос и Серхио Рамос“, рекол Ришарлисон.