Top Sport

Ибрахимовиќ: Мислите дека сум готов? Јас се уште се загревам

Златан Ибрахимовиќ преку социјалните мрежи најде време да им одговори на сите оние кои го критикуваат. 38 годишникот е играч на милан, но изминатите недели се шпекулира дека тој ќе го напушти „Сан Сиро“.

Ибрахимовиќ објави снимка од пред неколку години во кој е опишан неговиот пат до успехот. Снимката ја дополнил со потезите од оваа сезона, која завршува со порака во негов стил.

„Мислите дека сум готов? Можам да ви порачам само едно. Јас не сум како вас, јас не сум вие, јас сум Златан Ибрахимовиќ – и се уште се загревам“.

 

Scroll to Top