Адам Лалана го напушта Ливерпул. Поранешниот англиски репрезентативец не успеа да се избори со жестоката конкуренција на неговата позиција, сезонава настапи на 15 натпревари, а само три од нив започнал во стартната постава.
Лална во 2014 година за околу 30 милиони евра од Саутемптон пристигна на „Енфилд“. 32 годишникот Ливерпул ќе го напушти како слободен играч.
Иако медиумите шпекулираа дека тој ќе се пресели кај поранешниот тренер Брендан Роџерс во Лестер, Лалана изненади со изборот на новиот клуб.
Новинарот Џејсм Пирс кој добро е запознаен со се што се случува во Ливерпул објави дека Лалана ќе потпише три годишен договор со Брајтон.
Екипата на Брајтон сезоната во Премиер лигата ќе ја заврши на 16 место.