Изминатите неколку сезони еден од најважните играчи на Реал, Каземиро, одбил да се пресели во ПСЖ иако од овој клуб му нуделе дупло поголема плата од она ашто ја заработува на „Сантијаго Бернабеу“.
Богатите сопственици на ПСЖ на Бразилецот му понудиле 12 милиони евра годишна плата, но тој решил да остане во клубот со кој има освоено 16 трофеи, а неодамна стана и првак на Шпанија.
Каземиро во Реал пристигна во 2013 година од Сао Паоло, една сезона играше во Порто како позајмен играч, а на „Сантијаго Бернабеу“ го врати Рафа Бенитез кога беше назначен за тренер на „кралскиот клуб“.