Минатите години имаше спуштање на едното колено на земја како поддршка за борбата против државата во американскиот спорт, но синоќа се случи нешто сосема поинакво.
На почетокот на WNBA, женската верзија на НБА лигата кошаркарките на Њујорк Либерти и Сиетл Сторм пронајдоа нов начин како да го покажат незадоволството.
Во моментите кога требаше да почне химната на САД, кошаркарките од двете екипи излегоа од салата.
Тие неколку минути поминаа во солекувалната, по што се вратија на паркетот пред почетокот на првиот меч во новата сезона.
As the national anthem was played, the @nyliberty and @seattlestorm walked off the floor as part of the social justice initiative. pic.twitter.com/VihH5X3Yzh
— ESPN (@espn) July 25, 2020