Иако пред неколку дена српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ Савиќ рече дека не сака да си оди од Лацио, наводно клубот ја договорил цифрата за која тој може да го напушти римскиот клуб.
Весникот „La Republika” јавува дека постигнат бил договор со кој СМС може да си оди од „Олимпико“ доколку стигне понуда од 80 милиони евра или повеќе.
Како клубови кои се споменуваат дека се заинтересирани за негово доведување се пред се Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Јувентус и Интер.
Милинковиќ Савиќ сезонава постигна 7 гола и има исто толку асистенции.
Тој напомена дека сака со „небесносините“ да игра во ЛШ идната сезона.