Top Sport

Хрватот сака да го врати Србинот „во живот“, во Монако

Лука Јовиќ има сезона за заборав во Реал Мадрид. Иако тренерот на Кралевите, Зинедин Зидан изјави дека на Србинот сериозно смета во новата сезона, сепак дел од европските клубови се обидуваат да го привлечат, на позајмица.

„ЕСПН“ објави дека новиот менаџер на Монако, Хрватот Нико Ковач сака да го донесе српскиот интернационалец во францускиот клуб. Ковач, кој е екс-тренер на Ајнтрахт Франкфурт добро се познава со Јовиќ кој го тренираше токму во бундеслигашот.

Наводно, направен е и првиот контакт, но засега нема информации кои се условите што францускиот клуб може да ги понуди.

Ковач дефинитивно знае како да работи со Србинот, а освен него, шпекулациите се дека и Микел Артета сака да го види напаѓачот во Арсенал.

Scroll to Top