Капитенот на Јувентус Џорџо Кјелини е единствениот играч кој учествувал во освојувањето на деветте титули во последните девет години.
Деветтата титула во низа, во Серија А, Јувентус ја обезбеди синоќа со победата над Сампдорија (2:0).
Кјелини поради повреда го пропушти овој меч, но тој е единствениот фудбалер кој одиграл најмалку еден натпревар за „старата дама“ во последните девет години.
Осум титули во последните девет години со Јувентус имаат Леонардо Бонучи и Џиџи Буфон. Во овој период Бонучи една сезона беше играч на Милан, а Буфон една сезона мина во ПСЖ.
Џорџо Кјелини во кариерата има одиграно 510 натпревари за Јувентус, има постигнато 36 гола. Неодамна тој го продолжи договорот до 2021 година.