Top Sport

Рој Кин: Астон Вила претераа со славењето

Астон Вила се спаси во последното коло, успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата благодарение на ремито со Вест Хем и поразот на Вотфорд од Арсенал.

Поранешниот европски првак за „влакно“ остана во лигата, а играчите по мечот со Вест Хем бучно го прославија опстанокот.

Ваквиот потег не наиде на одобрување кај добар дел од англиската јавност. Еден од оние на кого не мусе допадна славењето е Рој Кин, кој како асистент на првиот тренер во 2014 година беше дел од Астон Вила.

„Зошто слават? Дали нешто освоија? Ова беше тешка сезона за нив, но малку претераа со ова оваа прослава“, рекол Кин.

 

Scroll to Top