Џеси Лингард заборавениот играч на Манчестер Јунајтед, вчера по долго време доби шанса да одигра некоја минута. Против Лестер тој на теренот влезе во 77 минута кога го замени Мејсон Гринвуд.
За 19 минути колку што мина на теренот Лингард успеа да растажи еден фан кој се обложил дека овој играч во сезоната 2019/2020 ќе ја заврши без гол и асистенција.
Лингард постигна гол и тоа во 98 минута, буквално од последниот шут на натпреварот, кога ја искористи неверојатната грешка на голманот на Лестер, Каспер Шмајхел.
Да не беше овој гол обложувачот на уплата од 10 фунти ќе ќареше 670 фунти.