Боксерот Мухамед Али доби двегодишна суспензија за позитивен тест на стероид, објави Интернационалната аматерска боксерска асоцијација (АИБА). Не, не се работи за починатата легенда на боксот, туку за 21-годишен британски олимписки боксер.
21-годишниот Али, кој се натпреваруваше на Олимпијадата во Рио под британско знаме, паднал на тест на Светската серија во Казабланка минатиот април, а во октомври доби условна суспензија.
„Спортистот не ги земаше недозволените средства со намера да мами“, велат од Британската боксерска асоцијација.