Поранешниот број 1 Енди Мареј потврдил дека е подготвен за настап на ју-Ес опен. Британецот последен пат во сингл на турнирите од Грен слем серијата настапил на Австралија опен во 2019 година.
Организаторите на Ју-Ес опен не планираат да го откажат турнирот иако епидемиолошката ситуација во САД е многу лоша. На професионалните спортисти ќе им биде дозволен влезот во САД без да минат одреден период во карантин.
„Пред четири или пет недели имавме сомнеж дека турнирот ќе се одржи. Но во еден момент морате да започнете менатлно да се подготвувате, да почнете да правите планови. Доколку тоа не е така распоредот би изгледал поинаку. Во моите планови е дека Ју-Ес опен ќе се игра“, рекол Мареј.
Британецот покрај на Ју-Ес опен планира да настапи и на Мастерс турнирот во Синсинати.