Top Sport

Жорге Рикардо до рекордна 12.844-та победа во кариерата (видео)

Бразилскиот џокеј, Жорге Рикардо заврши во солзи откако ја оствари неверојатната 12.844. победа во кариерата, израмнувајќи го вечниот рекорд.

56-годишниот Бразилец победи на Жубилеја Гавеа во Рио де Жанеиро, за да го израмни рекордот на Канаѓанецот Расел Бејз. Тој се има натпреварувано 41 година, или неверојатни 15.000 денови, така што е блиску до скор од една победа дневно.

„Чекав долго за ова и конечно го добив. Никогаш во мојот живот не сум помислил дека ќе победам на толку трки. Дури и да замислуваш, не можеш да дојдеш до бројката од 13 илјади“, изјави џокејот со прекар „Рикардињо“, кој сега се враќа во својата базаз во Буенос Аирес, Аргентина, каде што треба да го сруши рекордот.

Тој победи двапати во седум трки во неделата, и уште еднаш во шест трки пред да стигне до рекордот. Освен Рикардињо и Бејз, ниту еден џокеј на светот нема стигнато до 10.000 победи. Двајцата џокеи се натпреваруваа по бројот на победи сè додека Канаѓанецот не се повлече на 57 години во 2016 година.

Во текот на долгата кариера, Рикардо ја скрши клучната коска, рамото, лопатката, лактот, неколку прсти и ребра, а болуваше и од лимфома. Неговата сопруга, 42-годишната Рената Тешеира вели дека тој има полно љубов кон своите деца, но дека честопати бил отсутен.

„Кога ќе победеше, стануваше уште полошо, бидејќи повеќе се возбудуваше“, вели Тешеира.

Scroll to Top