Милан се подготвени да му понудат на Хакан Чалханоглу нов четиригодишен договор вреден 3.5 милиони евра по сезона, во обид да го заддржат турскиот репрезентативец на „Сан Сиро“.
Чалханголу е во одлична форма по рестартот на Серија А, а посебно блесна по доаѓањето на Стефано Пиоли на клупата, предизвикувајќи интерес кај повеќе големи европски клубови.
Договорот на 26-годишниот фудбалер од средниот ред завршува во јуни 2021, и според весникот „Ил џорнале“, „росонерите“ му понудиле нов договор со јасна визија за иднината на клубот и со плата од 3 до 3.5 милиони евра по сезона.