Младиот кошаркар од Црна Гора Феѓа Пајовиќ на тренингот на Будуќност демонстрирал неверојатна прецизност. Талентираниот бек без промашување погодил 70 тројки.
Пајовиќ има 19 години, минатата сезона настапувал за младиот тим на Будуќност во домашното првенство и во АБА лигата.
Тој играл и за КК Студентски центар, за овој тим ќе настапува и оваа сезона во АБА 2 лигата.
Феѓа е син на поранешниот капитен на Будуќност, Босна и Партизан, Гаврило Пајовиќ.