Поранешниот играч на Челси и бразилската репрезентација, Оскар, изјавил дека би сакал да игра за Кина.
28 годишниот Бразилец, фудбалер на Шангај, во кариерата одиграч 47 натпреври за Бразил. Со „Селесао“ играше на Светското првенство во 2014 година, постигна гол на првиот меч на Мундијалот против Хрватска и на последниот во дебаклот од Германија во полу-финалето (7:1).
Оскар од Челси замина во 2017 година. Досега за Шангај има одиграно 123 натпревари, на кои постигнал 39 гола.
Иако има желба да игра за Кина правилата на ФИФА се јасни, фудбалерите во младинските категории мора да решат за која селекција ќе настапуваат како сениори, кога ќе дебитираат повеќе не можат да го сменат репрезентативниот дрес.
„На Кина и е потребен добар играч во редот за врска, мислам дека можам да им помогнам. Ми се допаѓа Кина“, рекол Оскар.