Top Sport

Ултиматумот на Ракитиќ – Постојат две опции, двете се во негова корист

Разделбата на Иван Ракитиќ со Барселона со месеци е тема во шпанските медиуми. Двете страни ќе разговараат на оваа тема по завршувањето на сезоната во Лигата на шампионите.

Ракитиќ (32) има уште една година е врзан со договорот, меѓутоа клубот имал намера да го продаде за 10 милиони евра.

„Сепак, Ракитиќ им порача дека не сака да замине, во меѓувреме тој не го сменил својот став. Доколку во Барселона не сметаат на него тогаш тој ќе замине но само под услов да го раскине договорот на штета на клубот. Тпј во тој случај како слободен играч би се вратил во Севилја“, пишува „Мундо Депортиво“.

Ракитиќ е во контат со луѓето од Севилја. Него му било јасно дека клубот од „Санчез Писхуан“ нема пари за да го плати обесштетувањето.

Според „Мундо Депортиво“ хрватскиот фудбалер ја држи целата ситуација по контрола бидејќи двете опции што ги има се во негова корист. Или ќе замине како слободен играч од Барселона, или со истата плата ќе остане во клубот уште една година.

Scroll to Top