Зинедин Зидан тренерот на Реал Мадрид, по освојувањето на шампионската титула во Шпанија, прави планови како да го засили тимот за наредната сезона. Поради финансиската криза Реал ќе мора најпрвин да продава. „АС“ тврди дека Зидан направил план како да заработи 100 милиони евра.
Реал веќе го продадоа Ашраф Хакими во Интер за 40 милиони евра, а 3,5 милиони евра заработија од продажбата на Хави Санчез во Ваљадолид.
Зидан во наредниот период ќе се обиде да го продаде Борха Мајорал, Серхио Регуилон, Маријано Дијаз и Оскар Родригез.
Напаѓачот Борха Мајорал изминатите две сезони играше како позајмен играч во Леванте. Сериозен интерес за него покажувал Хетафе.
Оскар Родригез и Регуилон зад себе имаат брилијантни сезони. Регулон со Севилја избори пласман во Лигата на шампионите, додека Родригез не успеа да му помогне ја Леганес да избори опстанок во Ла Лига.
Во Реал се сигурни дека на овие двајца лесно ќе им најдат нови клубови, додека предизвик на Зидан ќе му биде да го продаде напаѓачот Маријано Дијаз, кој собра помалку од 90 минути на теренот во целата сезона.
Парите од продажбите на овие фудбалери Реал ќе ги искористи за донесе еден од овие тројца фудбалери: Дајот Упаменкано, Дони ван де Бек или Едуард Камавинга.