Златан Ибрахимовиќ ги „подгреа“ надежите на навивачите на Милан дека ќе остане уште една сезона на „Сан Сиро“, откако беше дел од промоцијата на новиот дрес на поранешниот италијански шампион.
Швеѓанецот потпиша договор на само шест месеци во декември, но во неговиот договор има опција за уште една година, иако се веруваше дека ќе замине назад во својата татковина Шведска поради незадоволството од плановите за иднината на клубот. Сепак, Милан потврдија дека Стефано Пиоли останува во клубот, заедно со директорот Паоло Малдини, одлука која може да го предомисли Швеѓанецот.
38-годишниот Ибрахимовиќ според италијанските медиуми во саботата со хеликоптер заминал во домот на својот агент Мино Рајола во Монте Карло, каде што се договарале плановите за новата сезона.
#ThisIsMilan. And this is our new kit ❤️?
? https://t.co/OJYNnYijUL #SempreMilan @pumafootball pic.twitter.com/CNvfSCYCds— AC Milan (@acmilan) July 28, 2020
Bringing eternal architecture onto the pitch ?⚫
? https://t.co/OJYNnYijUL#ThisIsMilan @pumafootball #SempreMilan pic.twitter.com/YRKuTQgE14— AC Milan (@acmilan) July 28, 2020