Легендата на аргентинскиот фудбал, Ернан Креспо вели дека репрезентацијата мора да игра со Гонзало Игуаин од Јувентус и со капитенот на Интер, Мауро Икарди бидејќи „сите големи фудбалери го можат тоа“.
Пред доаѓањето на Хорхе Сампаоли на клупата на „Албиселесте“, немаше место за Икарди во аргентинската репрезентација, а сега нема повик за Игуаин.
„Одамна не сум видел топку опасен напаѓач во шестнаесетникот како Икарди. Фудбалот се менуваше и традиционалниот напаѓач исчезнуваше за да се направи место за ‘лажна деветка’, но Икарди ја врати таа улога. Игуаин исто така треба да добие пофалби, бидејќи е број 9 кој игра за клубот и кој не зависи толку од нафрлувања. Дали треба да бидат заедно во Аргентина? Секако, сите големи играчи можат да играт заедно. Треба да се додадат и Меси, Дибала, Ди Марија. Разликата на Италија и Аргентина е во Лионел Меси, кој некако го одвлечка тимот на Мундијалот“, вели Креспо, кој имаше 35 гола во 64 настапи за Аргентина.
Запрашан за кого повеќе би сакал да игра – за Наполи под Маурицио Сари или за Јувентус под Макс Алегри, тој беше „дипломатски“ расположен.
„Тоа треба да го прашате Игуаин! Да се игра за Сари би било навистина забавно, но од друга страна важно е да имаш силен клуб како во Јувентус, нешто што на другите тимови им недостасува. Ќе биде многу тешко Наполи да ја освои оваа титула, бидејќи напролет Јувентус ќе се многу силни“, вели Креспо.