Дисциплинската комисија при Фудбалскиот сојуз на Полска реши да ја казни Краковија поради месење на натпревари во сезоната 2003/2004. Краковија доби рекордна казна откако била завршена истрагата во која биле вклучени еден фудбалски судија и челник на Краковија.
Клубот од Краков ќе мора да плати еден милион полски злоти, односнон 227.000 евра и новата сезона ќе ја започне со минус пет бода.
Интересно во клубот ја прифатиле паричната казна, но не се согласуваат со одлуката да им бидат одземени бодови. Тие се повикале на случајот на Белхатов од пред неколку години кога на клубот не му биле одземени бодови.
Краковија е актуелен освојувач на Купот на Полска и наредната сезона ќе игра во Лига Европа.