Top Sport

Баерн ја одредиле цената за Алкантара

Баерн Минхен ја одредиле цената за Тјаго Алкантара, тврди „Билд“. Шпанскиот репрезентативец се поврзува со трансфер во Ливерпул. Според некои медиуми Алкантара го договорил личните услови со англискиот шампион.

Пред два дена претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, изјавил дека во клубот се свесни дека Шпанецот сака да замине од Минхен, но дека во клубот не пристигнала ниту една понуда.

Според „Билд“, Баерн за Алкантара бара 30 милиони евра.

29 годишниот фудбалер има договор со Баерн до 30 јуни 2021 година.

Scroll to Top