Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо не успеа да се воздржи и уште еднаш го критикуваше својот сонародник Бруно Фернандеш за неговиот скор при постигнување на пенали, оценувајќи дека тој добил 20 шанси за гол од белата точка во вториот дел од сезоната.
Манчестер јунајтед поставија рекорд со 14 пенали во една сезона од Премиер лигата, откако Антони Марсијал беше соборен во шестнаесетникот во последното коло од ПЛ против Лестер, а Фернандеш, кој пристигна за 55 милиони евра од Спортинг Лисабон во јануари, го постигна голот од пенал.
Фернандеш ја заврши сезоната со 10 гола и 8 асистенции во првите 20 меча за клубот, но шест од овие голови беа од белата точка и Мурињо го забележа тоа.
„Бруно пристигна во Јунајтед, беше фит, играше многу добро и го подобри тимот. Но, исто така се покажа дека е и одличен од белата точка, сигурно еден од најдобрите, бидејќи имаше околу 20 обиди“, вели Мурињо во интервју за португалскиот весник „Рекорд“.