Top Sport

Првото засилување на Сити ова лето доаѓа од Мехелен

Манчестер сити го комплетираше првиот трансфер во летниот преоден рок, откако скучија договор со белгискиот Мехелен за трансфер на 19-годишниот дефанзивец, Иса Каборе, потврди премиерлигашот.

Каборе, кој доаѓа од Буркина Фасо, е засилување за иднината на клубот, откако тој ќе остане во белгиската лига и следната сезона.

„19-годишниот Каборе, кој игра на позицијата десен бек, потпиша петгодишен договор и ќе остане во Мехелен на позајмица до крајот на следната сезона. Тој е роден во Буркина Фасо, и одигра пет меча во првата лига на Белгија минатата сезона“, се вели во објавата на Сити.

Се очекува Манчестер сити да бидат активни на пазарот на играчи ова лето, откако ја загубија титулата од Премиер лигата од Ливерпул по два трофеи во 2018 и 2019 година. Со заминувањето на Давид Силва, Пеп Гвардиола ќе мора да најде засилување во средниот ред, а приоритет останува и пополнувањето на позицијата на централен бек, откако лани од тимот замина Винсен Компани.

Scroll to Top