Конгломерат на локални бизнисмени објавија дека се подготвуваат да дадат понуда за откуп на Торино од претседателот Урбано Каиро.
Иако уште не се објавени имињата зад обидот за преземање, на прес-конференција во Торино, консултантите Џузепе Пипичела, Масимо Скалари и Симоне Сервети најавија дека е време да се смени непопуларниот претседател Каиро, кој од навивачите е обвинуван дека не инвестира во фудбалот и дека покажува премали амбиции за клуб со толку славна историја.
„Зад овој проект се бизнисмени со голем капитал. Сакаме Торино да се врати на навивачите на Граната, и сакаме тие да бидат информирани. Не се работи само за пари за преземање на тимот, туку и за да се помогне тимот да се придвижи кон врвот на табелата“, објаснија претставниците.