Актуелниот европски шампион Вардар е во најтесниот круг на фаворити за освојување на титулата во Лигата на шампионите и оваа сезона. Според најновата листа на ЕХФ, Вардар е втор фаворит за титулата, веднаш зад најбогатиот клуб во ракометниот свет ПСЖ.
„Сите сакаат да докажат дека Вардар не е само „чудо за една година“. Тие се единствениот тим без пораз во тековната сезона во Лигата на шампионите и го имаат херојот од ЕХФ ЕУРО 2018, Арпад Штербик. Дополнителен поттик е и враќањето на најдобриот стрелец Вуку Борозан кој не настапи на ЕФХ ЕУРО“, пишува во образложението на ЕХФ.
Вардар сезонава ќе се обиде да урне една традиција, која вели дека ниту еден тим не ја одбранил титулата откако завршниот турнир се игра во Келн.
Прв фаворит според ЕХФ е монатогодишниот финалист ПСЖ.
„Со девет победи и еден пораз (Фленсбург) оваа сезона се чини дека сигурно ќе играат во Келн. Сонот на тренерот Нока Сердарушиќ е да го напушти Париз со посакуваниот трофеј пред доаѓањето на Раул Гонзалес.“
Во кругот на десетте фаворит зад ПСЖ и Вардар се Веспрем, Фленсбург, Нант, Рајн Некар, Барселона, Кјелце, Пик Сегед и Мешков Брест.