Top Sport

Бекам испратил понуда до Луис Суарез

Луис Суарез, 33 годишниот напаѓач на Барселона, добил понуда кариерата да ја продолжи во МЛС лигата, пишува „Мундо Депоритво“. Уругваецот кој има договор со Барселона до јуни 2021 година добил понуда од Интер Мајами, чии сопственик е Дејвид Бекам.

Барселона има турбулентна сезона, во јануари го сменија тренерот, а по паузата поради коронавирусот ја изгубија битката со Реал за шампионската титула во Шпанија. Исто така медиумите со месеци го селат Лаутаро Мартинез од Интер во Барселона. Аргентинецот е играчот кој треба да го замени во врвот на нападот Луис Суарез.

Иако договорот му истекува во јуни 2021 година, тој има клаузула дека истиот може да биде автоматски продолжен доколку наредната сезона одигра 60 отсто од натпреварите.

Scroll to Top