Нејтан Аке во наредните сезони ќе го носи дресот на Манчестер сити. За трансферот на талентираниот дефанзивец „граѓаните“ на Борнмут ќе им платата 43 милиони евра.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека останало уште Аке да го стави својот потпис на договорот и тогаш официјално ќе стане играч на Манчестер сити.
Трандферот на Аке значи дека Пеп Гвардиола и челниците на Сити се откажале од ангажманот на Калиду Кулибали од Наполи.
Аке има 25 години, потекнува од школата на Феенорд. Како тинејџер се пресели во Челси, меѓутоа во тимот од Лондон доби панса да се докаже па Борнмут во 2017 го откупија неговиот договор.
Бортнмут од наредната сезона ќе игра во Чемпионшип дивизијата.