Top Sport

УЕФА бара решение за мечот Барселона-Наполи

Осмина-финалниот реванш натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Наполи ќе биде преселен на друг стадион. Во УЕФА сериозно ја разгледувале оваа опција поради неконтролираното ширење на коронавирусот низ шпанската покраина Каталонија.

УЕФА од Министерството за здравство на Каталонија побарале цврсти докази дека можат да ја гарантираат безбедноста на фудбалерите и тренерскиот персонал на стадионот „Ноу Камп“. Од Министерството за здравство не можеле да дадат цврсти гаранции поради што од УЕФА започнале да бараат алтернативно решение.

Можно е Барселона и Наполи реваншот да го одиграат во Лисабон каде од 12 до 23 јуни ќе се игра завршницата во Лигата на шампионите.

Првиот натпревар во Неапол, на 25 февруари, заврши без победник 1:1, реваншот ќе се одигра на 7 август.

Scroll to Top