Фудбалскиот клуб Брајтон се засили со искусниот дефанзивец од Ајакс Џоел Велтман. Челниците на „галебите“ ја платиле клаузулата од 900.000 фунти.
Велтман има 28 години, може да покрие две позиции во одбраната (централен дефанзивец и десен бек), тој со Брајтон потпишал три годишен договор.
Велтман 19 години бил дел од Ајакс, најпрвин бил во академијата на славниот клуб, а за првиот тим дебитирал во 2012 година. За Ајкас одиграл преку 200 натпревари.
Фудбалерот во Брајтон ќе го носи бројот 34 на грбот во чест на својот соиграч Абделхак Нури кој од 2017 година до март оваа година се наоѓаше во вештачка кома, со сериозно оштетување на мозокот. За Нури се грижи неговото семејство.
Велтан е второто засилување за Брајтон во пресрет на новата сезона, претходно во клубот пристигна Адам Лалана од Ливерпул.
? @joel_veltman on why he chose squad number 3️⃣4️⃣ for the Albion.
? Paying tribute to his former @AFCAjax teammate Abdelhak Nouri.#BHAFC ?⚪️ pic.twitter.com/58Il1tS8A8
— Brighton & Hove Albion (@OfficialBHAFC) July 30, 2020