Top Sport

Тајсон: Децата ми велат дека мојот стар задник треба да остане дома

Боксерската легенда Мајк Тајсон признава дека неговите седум деца му советуваат да не се враќа во боксерскиот ринг во септември против Рој Џонс Јуниор, но вели дека нема да го послуша нивниот совет бидејќи тие „не знаат што значи да си боксер“.

54-годишниот Тајсон закажа егзибиција во осум рунди против 51-годишниот Џонс Јуниор на 12 септември во Калифорнија, 15 години по неговиот последен професионален меч.

„Децата мислат дека мојот стар задник треба да остане дома, но тие не знаат ништо, нели? Јас сум полн со самодоверба. Тие не знаат што значи да си боксер. Ниту едно од моите деца не може да ме победи во тепачка, и зошто би ги слушал?“, вели Тајсон.

Scroll to Top