Златан Ибрахимовиќ решил да остане во Милан уште една сезона и ќе преговара за условите на договорот во следните неколку дена, јавува италијанскиот весник „Ла газета дело спорт“.
Според нивните извори, Швеѓанецот бил убеден да остане на „Сан Сиро“ од тренерот Стефано Пиоли, кој и покрај најавите дека ќе биде заменет со Ралф Рангник, доби нов договор и поддршка од бордот на клубот.
38-годишниот Ибрахимовиќ имаше огромно влијание на формата на тимот по пристигнувањето во јануари, постигнувајќи девет гола за „росонерите“ да го обезбедат шестото место во Серија А. Според „Газета“, се очекува дека платата на Златан да остане 4 милиони евра по сезона, но би биле вметнати и одредени бонуси за постигнати голови, одиграни мечеви, пласман во Лига Европа и можната квалификација за Лигата на шампионите во 2021/22.
Претходно се веруваше дека Златан е разочаран од насоката во која се движи клубот и дека преферира да се врати во Шведска во Хамарби, клубот во кој е делумен сопственик.