Баерн Минхен ги продолжи подготовките за рестартот на Лигата на шампионите со пријателски меч со Марсеј, кој го добија со 1:0 благодарение на мајсторскиот гол на Серж Гнабри.
Баварците имаа повеќе од играта во текот на целиот меч, но на крајот постигнаа само еден гол преку Гнабри во 19. минута од мечот.
Повеќе фудбалери добија шанси да влезат во игра во дуелот, кој го одбележа и враќањето по подолга пауза на Никлас Зиле. Засилувањата Лирој Сане и Александер Нибел не добија шанса.