Вест Хем јунајтед потврдија дека Патрис Евра се враќа во Премиер лигата со договор до крајот на сезоната, прв негов фудбалски ангажман по контроверзниот напад на навивач во дресот на Олимпик Марсеј.
Евра во Вест Хем ќе го носи дресот број 27, и има договор до јуни 2018 година, и повторно ќе работи со менаџерот Дејвид Мојс, со кого беше во последната година на „Олд Трафорд“.
„Среќен сум што сум ‘чекан’, што сум повторно во Премиер лигата и ја сакам оваа игра! Благодарам на Вест Хем што ми дадоа шанса да ја вршам мојата работа. Ќе работам напорно, ќе се забавувам со колегите и ќе останам насмеан. Не сфаќате колку сте среќни сè додека не станете наутро и знаете дека одите на тренинг со новите соиграчи“, вели Евра.
A message from Patrice Evra: pic.twitter.com/AjEz7A6Gxg
— West Ham United (@WestHamUtd) February 7, 2018
Евра, кој е роден во Сенегал, со неговите родители се сели во Франција како бебе. По јуниорските настапи, тој игра во Италија за Марсала и Монца, пред да се врати во Франција прво како напаѓач во Ница, пред во сезоната 2000/01 да стане лев бек. Монако го донесе во 2002, пред Сер Алекс Фергусон да го донесе во Манчестер јунајтед, каде што освои пет титули од Премиер лигата и две од Лигата на шампиони. Тој исто така беше со француската репрезентација на Евро 2008 и 2012 и на СП во 2010, кога беше француски капитен.
Во јануари 2014 година тој замина за Јувентус, пред во јануари 2016 година да потпише договор со Марсеј.