НПретседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис уште не му простил на Маурицио Сари што замина од неговиот клуб и заврши прво во Челси, а потоа во омразениот Јувентус, велејќи дека тоа било „глупава“ одлука.
По промоцијата на Виктор Осимхен како најскапо засилување во историјата на клубот, Ди Лауренти ја прокоментира деветтата титула на Јувентус во низа, прва под водство на поранешниот миленик на публиката од „Сан Сиро“, Маурицио Сари.
„Во Јувентус е нормално да се победува. Сари секогаш ќе остане во моето срце, бидејќи неговиот фудбал со нас ја воодушеви Европа. Секогаш ќе му бидам благодарен за тоа, но сите правиме глупави работи во животот и тој направи две-три такви кои можеше да ги избегне. Штета, бидејќи да останеше во Наполи ќе не однесеше до скудетото. Но, тој не сакаше да ризикува. Не верувам дека е среќен како што беше во Наполи“, вели Де Лаурентис.