Сараево ќе напаѓа со македонски „шпиц“. Марјан Алтипармаковски потпиша едноиполгодишен договор со тимот од Босна и Херцеговина приклучувајќи му се на Крсте Велкоски.
Алтипармаковски во Сараево доаѓа од литванската Судува со која минатата сезона ја освои титулата и постигна пет гола во 26 натпревари.
„За мене е предизвик што доаѓам во толку голем клуб како Сараево и ветувам дека ќе го дадам максимумот. Секако, го познавам Крсте од одамна, и тој ми кажа сè најдобро за Сараево, за градот и за клубот“, вели Алтипармаковски.
Во соблекувалната тој се сретна со капитенот на Сараево, Велкоски.
„Сигурен сум дека Марјан може да ни помогне да ги оствариме целите. Има одличен карактер, добри работни навики и секогаш го дава максимумот за својата екипа“, вели Велкоски.