Top Sport

Почетино жали за изјавата дека попрво ќе стане земјоделец, отколку тренер на Барселона

Поранешниот тренер на Еспањол и на Тотенхем Маурисио Почетино признава дека се кае за изјавата изјавата од 2018 година дека попрво ќе стане фармер отколку да стане тренер на Барселона.

Ова доаѓа откако дел од шпанските медиуми го сметаат токму Аргентинецот како главен фаворит како замена за Кике Сетиен во каталонскиот гигант кога ќе заврши сезоната од Лигата на шампионите.

Сега, во интервју за весникот „Ел паис“, Почетино признава дека жали за изјавата.

„Таа изјава мора да се објасни. Тогаш бев во Барселона и се сретнав со претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу во една кафеана. Се поздравивме бидејќи ги носевме децата во истото училиште и зборувавме околу пет минути. Потоа почнаа шпекулациите и мојот тим побара да дадам изјава, и јас го нарпавив тоа драстично. Требаше повнимателно да ги бирам зборовите. Јас направив име во Еспањол, но не требаше да покажувам непочитување кон Барселона. Не сум арогантен човек. Сега не би го направил тоа, бидејќи не знаеш што ти носи животот“, изјави Почетино.

Тој не отфрла можност да стане тренер надвор од Премиер лигата.

„Премиер лигата има комерцијална предност, но Ла лига, Серија А и Бундеслигата исто така се моќни лиги. Мојата игра одговара на Премиер лигата, но подготвен сум за нови предизвици и нови хоризонти како тренер. Сите велат дека тренерите бараат проекти, но сите сакаме да имаме клуб и претседател со кој можете да ги остварите идеите. Кога ќе дојде таква понуда, ќе кажам да“, додава Почетино.

Scroll to Top