Американската компанија за производство на спортска опрема „Најк“ продолжува својата кампања за социјална правда со реклама во која се одблежува спортот, но и активизмот со порака: „Ништо не може да не сопре, ако го правиме тоа заедно“.
Во одлично монтираното видео има огромен број на спортски ѕвезди кои имаат договори со „Најк“, како тениските ѕвезди Рафаел Надал, сестрите Вилијамс и Наоми Осака.